13. издание на фестивалот „Баскерфест“

Сподели

Годинашното издание на „Баскерфест“ ќе се одржи од 12 до 17. јуни, на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.

На 13. издание на фестивалот на улични изведувачи ќе учествуваат 30 улични артисти од разни краеви на светот, во театарот под отворено небо, шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје.

Оваа година, на програмата  на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители.

Фестивалот е поддржан од град Скопје.