21. Blues & Soul Festival – 22.- 24. септември “Станица 26”

Сподели

Дирекција за култура и уметност – Скопје, со гордост ви го претставува 21-виот Blues & Soul Festival, Кој ќе се одржи од 22.- 24. септември во познатиот скопски клуб – Станица 26.

Програма:
22.09.2017 – петок

— “In The Mood Big Band” —
Сашо Ѓорѓевски – вокал и усна хармоника
Никола Петровски – гитара
Горан Попоски – тапани
Оливер Јосифовски – контрабас
Спасовски Гордан – пијано
Бранко Илиевски – тромбон
Петар Христов – тенор саксофон
Трајче Велков – труба
Иво Солдатовиќ – кларинет

— “Trickbag” (Шведска) —
Tommy Moberg – вокал / Томи Моберг
Lars Näsman – контрабас, вокал / Ларс Нeсман
Tomi Leino – гитара / Томи Лино
Steven Weston – усна хармоника / Стивен Вестон
Björn Viitanen – тапани / Бјорн Витанен
Fredrik Von Werder – пијано / Фредрик фон Вердер

—————-————————–————————–————
23.09.2017 – сабота
— “Triple Fret” (Грција) —
Sakis Dovolis – гитара, вокал / Сакис Доволис
Elias Zaikos – гитара / Елиас Заикос
Nick Dounoussis – гитара / Ник Дунусис
Fotis Dovolis – бас / Фотис Доволис
George Tzoukas – клавијатури / Џорџ Цукас
Fotis Vakouftsis – тапани / Фотис Вакуфцис
————————–————————–————————–————
24.09.2017 – недeла

— “Mátyás Pribojszki Band” (Унгарија) —
Matyas Pribojszki – хармоника, вокал / Матјаш Прибојски
Ferenc Szasz – гитара / Ференц Сас
Daniel Molnar – тапани / Даниел Молнар
Laszlo Csizmadia – бас / Ласло Чизмадиа

Повеќенаградуваниот Унгарец Матјаш Прибојски Mátyás Pribojszki е еден од најдобрите и највисоко квалификуваните свирачи на хармоника и пејачи на блуз музика на Европските простори и пошироко. Добитник е на титулата „Златен албум“ за еден од своите единаесет албуми кои досега ги има снимено. Матјаш е официјално заштитно лице – артист на „Хохнер“ хармониките. Во текот на својата кариера настапувал во повеќе од триесет држави, на три континенти, пренесувајќи ја пораката на својот сопствен стил на блуз музика. Сцената ја делел многупати со извонредни музичари од својот ранг.

Вреќа полна со трикови брзо не се полни. Врвниот Шведски блуз состав Trickbag, конкурент за најдобриот Европски блуз состав, го докажува тоа година за година веќе 20 години. Како најдобар доказ за нивното светско име е долгата листа на гости на повеќето нивни албуми, од кои With Friends волумен 1 и 2 го запечатуваат аргументот само со следната листа на Американски имиња: Barrelhouse Chuck, James Harman, John Nemeth, RJ Mischo, Lynwood Slim, Bob Corritore. Оваа листа и фактот дека се број еден состав за подршка на сите тие и повеќе американски блуз звезди кога и да ја посетат Европа, навестуваат дека Blues&Soul 2017 ја нуди уникатната и премиерна прилика да се запознаеме со светските експоненти на Чикашкиот стил на стариот добар, мераклиски начин.

Познатиот грчки блуз гитарист, пејач и композитор Сакис Доволис Sakis Dovolis е несоменено еден од најдобрите блуз/рок гитаристи на Балканот. На овогодинешниот Bues&Soul Festival доаѓа заедно со составот “Triple Fret” и легендарните блуз музичари од Грција кои се присутни на сцената речиси 30 години – Елијас Заикос од Blues Wire и Ник Дунусис од Nick and The Backbone.

“In the Mood” – блуз дуо е формирано во ноември 2009 година во Скопје од страна на Сашо Ѓорѓевски и Никола Петровски. “In The Mood” во изминативе осум години имаат преку 1.500 настапи и освен како дуо, соработуваат и со бројни музичари од Македонија, а специјално за овогодинешниот Blues&Soul Festival ќе настапат во биг бенд состав изведувајќи легендарни блуз теми и заедно со Trickbag ќе се погрижат отворањето на фестивалот да биде вистински спектакл!

Влезниците ќе бидат достапни на самиот влез, но и во претпродажба, во Југотон Рекордс, како и онлајн на www.jugoton.mk, по цена од 300 денари за концертите од првата вечер, а 200 денари за втората и третата вечер.

Сите концерти почнуваат од 21 часот.