Uncategorized Вести Македонија Ударни вести

СКСЗМ: Намалување на извозот – форсирање на извозот

Сподели:

Последниве четири месеци во однос на бројките и економските показатели нема поместувања, но евидентна е релаксираноста на фирмите. Тие веќе размислуваат за инвестиции, но само ако нема нови предвремени парламентарни избори, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

– Конечно, по толку време, има позитивно расположение кај компаниите во однос на инвестициите. Воспоставувањето на новата Влада придонесе за позитивен ефект, пред се на психолошки план. Се размислува за вложувања, нови партнерства и технологии. Се надеваме дека по вториот круг на локалните избори, нема да се калкулира со некоја варијанта на одржување предвремени парламентарни избори зашто тие би имале огромен негативен ефект врз бизнисот – истакнува извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени.

Тоа, додава Исени, е она што не го очекуваме и не би сакале да се случи. На бизнисот му е потребна правна и политичка сигурност. Во секој случај, раздвиженоста на фирмите дава надеж дека работите одат на подобро.
Во разговорот за МИА, Исени и оперативниот директор Миљаим Амети анализираат: дали субвенциите за минималната плата се најдоброто решение, со каков економски раст ќе ја завршиме годината, зошто треба да се спроведе пописот на населението.

Порачуваат, Македонија да го тргне настрана митот за евтината работна сила и да се насочи најпрво кон намалување на увозот пред да го форсира извозот.

Последниве четири месеци во однос на бројките и економските показатели нема поместувања, но евидентна е релаксираноста на фирмите. Тие веќе размислуваат за инвестиции, но само ако нема нови предвремени парламентарни избори, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

– Конечно, по толку време, има позитивно расположение кај компаниите во однос на инвестициите. Воспоставувањето на новата Влада придонесе за позитивен ефект, пред се на психолошки план. Се размислува за вложувања, нови партнерства и технологии. Се надеваме дека по вториот круг на локалните избори, нема да се калкулира со некоја варијанта на одржување предвремени парламентарни избори зашто тие би имале огромен негативен ефект врз бизнисот – истакнува извршниот директор на СКСЗМ Дрилон Исени.

Тоа, додава Исени, е она што не го очекуваме и не би сакале да се случи. На бизнисот му е потребна правна и политичка сигурност. Во секој случај, раздвиженоста на фирмите дава надеж дека работите одат на подобро.

Во разговорот за МИА, Исени и оперативниот директор Миљаим Амети анализираат: дали субвенциите за минималната плата се најдоброто решение, со каков економски раст ќе ја завршиме годината, зошто треба да се спроведе пописот на населението.

Порачуваат, Македонија да го тргне настрана митот за евтината работна сила и да се насочи најпрво кон намалување на увозот пред да го форсира извозот.

– Пописот на населението и натаму е едно од најгорливите прашања. Небулозни беа образложенијата зошто не се спроведе. Но, да го оставиме тоа настрана. Неофицијално, многу од младите кадри заминуваат, а не знаеме точно колку, ниту знаеме колку реално жители и домаќинства имаме. Пописот ќе даде јасна слика за тоа каква економска насока ќе фатиме како држава, каде повеќе ќе се фокусираме, во кои области, кој ќе ни биде клучниот таргет, потенцира извршниот директор.

За потребата од пописот, се надоврзува Амети, зборуваат и последните преговори на СКСЗМ со кинеска компанија која сака да инвестира во Македонија, но се плаши дали ќе има доволно кадар да вработи.

– Бидејќи нема попис, не знаеме со колку работна сила располагаме. Зборувам за млади кадри. Можеме да кажуваме прозиволно ама ни требаат конкретни податоци, бројки кои ќе ја одразат вистинската состојба, подвлече Амети.

Клучни за бизнисот и натаму се полесниот пристап до финансии, рамномерниот регионален развој, владеењето на правото и неселективната примена на законите.

Според СКСЗМ, државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, да размисли за поддршка за воведување нови технологии и ноу-хау што ќе ги направи финансиски помоќни и конкурентни, а еднаквиот третман на странските и домашните инвеститори да не биде само во однос на даночните олеснувања и субвенциите, туку и во делот на инфраструктурата.

Комората бара и да се сведе на минимум човечкиот фактор при доделувањето субвенции, процесот да биде целосно транспарентен и да се поедностават правилата за државна помош која се дава преку Комисијата за заштита на конкуренцијата. Постапките во овој сегмент, напоменува извршниот директор, се многу сложени, а вклучени се и многу институции поради што не може да се лоцира одговорност.

Tреба да се дефинираат и мерките за поддршка на малите и средните претпријатија што ги вети Владата. Сметаат дека се премногу општи и непрецизни.

– Мора да се знае како и кому ќе се дава поддршката. Клучот е многу важен, дали во распределбата на помошта ќе влијае човечкиот фактор, дали принципот ќе биде „прв дојден – прв услужен“, ништо не се знае. Премногу се општи мерките. Ние веќе пративме препораки и сега чекаме да го видиме резултатот, нагласува Исени.

При поддршката на малите и средните претпријатија, предност, смета Исени, треба да имаат фирмите од руралните средини, од општините каде развојот не е на доволно ниво. Тие треба да имаат приоритет во доделувањето субвенции, како и иницијативите од жените-претприемачи кои се маргинализирана група, старт-ап бизнисите на младите, идеите кои се однесуваат на иновација, а се од понеразвиени региони,… Тоа директно ќе влијае на рамномерниот регионален развој.

– Мора еден процент од БДП да се инвестира во рамномерниот регионален развој. Притоа е многу важно како ќе се пресметаат овие инвестиции. Да не излезе дека регионалното поврзување се смета за инвестиција во одреден плански регион. Мора да има конкретни инвестиции од страна на Владата. Во овој сегмент е многу важна и улогата на градоначалниците. Тие треба да се насочени кон правилно менаџирање на буџетите на општините, односно кон примената на Законот за рамномерен регионален развој, да не се калкулира политички, објаснува извршниот директор.
Став на СКСЗМ е дека и концептот на привлекување странски инвестиции треба да се преиспита.

– Отсекогаш сме укажувале дека целиот концепт на привлекување странски инвестиции треба да се преипсита зашто не сме сигурни дека ефектот што го дава е доволен за развој и раст на економијата. Треба да се бараат начини за поврзување на домашните и странските фирми, но и тоа не е доволно. Затоа бараме изедначување, но не само во однос на даноците и субвенциите, туку и во однос на инфраструктурата. Ако сакаш еднакво да го третираш домашниот инвеститор со странскиот, треба да му обезбедиш услови. Државата тука може да направи многу, вели Исени.

За зоната Визбегово, чие инфраструктурно средување е меѓу клучните барања на стопанствениците, ќе се чека буџетот догодина. Во зоната Визбегово има преку 400 фирми со над 2.000 вработени, кои остваруваат 600 милиони евра годишен обрт.

– Со новиот буџет за 2018 година, ќе се види колкави средства се предвидени за инфраструктурните проекти во Македонија. Од таму ќе добиеме јасна слика дали Визбегово ќе се третира институционално и реално. Мора да се почека. На состаноците со премиерот ни беше посочено дека проблемот ќе се третира од страна на Владата. Фирмите навистина очекуваат работите да се решат. Официјално, формирана е владина комисија која ќе ги третира нашите барања и на стопанството во целост. До овој момент, нема ништо конкретно иако министерот за транспорт и врски спомна дека од следната година ќе има средства за физибилити студија за изградба на автопатот Скопје – Блаце, дополнува Исени.

Компаниите – членки на СКСЗМ немаат никаков проблем со новиот Закон за минимална плата. Го поздравуваат ваквото решение зашто, сметаат, ќе ја зголеми потрошувачката на граѓаните и ќе ја придвижи економијата, но, сепак, укажуваат дека е добро да се размисли дали субвенциите за фирмите се најдоброто решение или можеби треба да се оди со поддршка за воведување нови технологии, машини и ноу-хау, што би придонело компаниите да станат финансиски посилни, сами да го износат товарот и да бидат поконкурентни.

– Митот за евтината работна сила не треба веќе да биде нашата јака карика. Ние сме поборници за воведување минимална плата, па дури да се поддржи и просечната плата, да се подигне стандардот. Нашите членки немаат никакви проблеми во однос на примената на Законот за минимална плата зашто платите што тие им ги даваат на своите вработени се значително поголеми. Дали субвенционирањето на фирмите за обезбедување мининална плата е најдобриот начин, не знаеме, посочува Исени.

За извозот и неговото постојано форсирање, СКСЗМ сугерира поинаков пристап. Најпрво, како што вели оперативниот директор Амети, треба да го намалиме увозот.

– Форсирањето на извозот не е најдобриот пристап. Подобро е прво да се насочиме кон намалување на увозот. Извоз без производи со голема додадена вредност нема да успее. Во Македонија преовладуваат продукти со мала додадена вредност, а реално, за да бидеш конкурентнен на меѓународен пазар, ти требаат производи со поголема додадена вредност. Зголемувањето на извозот е многу комплексна материја, цел синџир кој опфаќа образование, стопанство, држава, добри, квалитетни кадри со идеи за развивање технологии, развојни концепти,… Затоа, прво да направиме проценка на тоа што можеме да скратиме од увозот. Тоа би бил полесен пристап, истакнува Амети.

Во однос на примената на законите, вели, се уште има селективност. Се чувствува дискриминација и по етничка и по политичка основа. Дали има какви било промени во овој контекст, се уште е рано да се каже зашто поминаа само четири месеци од формирањето на новата Влада.
За полесен пристап до финансии, пак, Комората предлага намалување на основната каматна стапка на НБРМ, неселективни мерки за обезбедување кредитни линии со ниски камати, полесен пристап до алтернативни фондови, формирање еден гарантен фонд од страна на Владата, докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот и поголемо искористување на ЕУ – фондовите.

Анализите на СКСЗМ покажуваат дека Македонија ќе ја заокружи годинава со максимум 0,7 отсто економски раст, наспроти последните проценки на Светска банка за раст од 1,5 проценти.
– Ќе бидеме презадоволни ако Македонија ја заокружи годината со економски раст од 0,5 до 0,7 отсто. Сметаме дека проекциите од 1,5 на Светска банка или 2,5 проценти на Владата никако не може да се постигнат. Во првиот квартал растот беше нула, во вториот се забележа пад од -1,8. За да постигнете раст од 2,5 треба во двете тримесечја да имате пет отсто, што нема логика, децидни се Исени и Амети.

Сподели: