Почина познатиот режисер Милош Форман

Сподели

Познатиот режисер Милош Форман почина на 86. возраст.

Милош Форман е добитник на два Оскара за филмовите “Лет над кукавичјото гнездо” и “Амадеус”, добитник на “Златен глобус”, “Златна палма” во Кан и “Златна мечка” во Берлин. Форман го режираше, еден од најгледаните филмови “Коса”.

Роден е во 1932 година во Чешка, а емигрирал во САД 1968 година.