7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето утрово е променливо облачно со слаба магла по котлините и по речните долини. Дува слаб ветер од северен и северозападен правец повеќе е изразен на повисоките места и на планините.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб локален снег, особено во крајниот северозападен дел од земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, а кон крајот на ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната максимална температура ќе достигне до 8 степени.

Утре во раните утрински часови сè уште ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а за викендот се очекува нов влажен бран.

Сподели: