Здравје Магазин

Исфрлете го лебот, а не мастите

Сподели:

Истражувањето кое беше направено на факултетот за јавно здравје при Харвард опфати околу 53 студии и 67,000 испитаници кои следеле некаков тип на режим во исхраната (со регулирање на внес на калории од различни продукти) со цел да ослабат.
Бидејќи уште од претходните декади (1960-70) па наваму, долго време беа окривувани мастите како главни виновници за дебелеењето на луѓето, во очите на најголемиот дел од популацијата се врежа погрешен пристап при обидите за слабеење.

Долги години се сметаше дека за намалување на тежината главно треба да се практикува диета која драстично ги намалува мастите целосно заборавајќи на јаглехидратите, особено на шеќерите како висококалорични продукти.

13823292_1384573521558633_957231424_n

Истражувањето во кое луѓето биле поделени во групи кои претежно практикувале ниско-маслена или ниско-јаглехидратна диета, после цела година покажале дека и двете групи имале намалување на вишокот на килограми, но оние кои го намалиле внесот на јаглехидрати, како леб, тестенини и слатки во просек имале за 1,2 килограми помалку.

Главниот заклучок од истражувањето е дека рестрикцијата на калории во најголема мера придонесува за намалувањето на телесната тежина и дека ниско-маслената диета не е толку ефикасна како ниско-јаглехидратната.

13649458_1384573558225296_1133772236_n

Од друга страна најголем дел од испитаниците изјавиле дека е полесно да се откажат од лебот и слатките отколку од масната храна.

Не заборавајте дека најважниот дел од секоја диета е истрајноста и прифаќањето на здравите навики како дел од секојдневниот живот.

Сподели: