Вести Изјави

Ахмети: Време е за решенија, време е за мир, време е за НАТО

Сподели:

Јануари 2019 година ја одбележува 100 годишнината од почетокот на Париската Мировна Конференција која што претставуваше обид да и се стави крај на Првата Светска Војна и тогашниот светски поредок. 

Оваа конференција, никогаш вистински не ја оконча Првата Светска Војна и не не научи како се гради мирот затоа што војните и конфликтите продолжија за цел еден век потоа. Последиците од Парис 1919 ги осеќаме и ден денес, посебно во Југоисточна Европа, но уште по нагласени се кај малите народи над кои неправедно се делуваше. 

Вчера, на 11 јануари 2019 година, 81 пратеник на Собранието на Република Македонија го започнаа завршетокот на Париската Мировна Конференција. 

Денес се роди нов ден, со јасна и црвста евроатлантска перспектива, не само за Македонија, туку за целиот регион. 

Ние се залагавме долго за да дојдеме до овој ден, потиснувавме многу други очекувања, не адресиравме цели потреби, оставивме на страна многу барања, само и само да се дојде до овој ден што става точка на еден скоро три децениски спор кој што не држеше во заложништво.

Но ова не е крајот, ова е само почетокот. Ова е крај на конфликтите, на недоразбирањата, на нејаснотиите, на непредвидливоста, ова е почеток на крајот на Париските последици од 1919 година.

Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани, на секој гласач, на секој активист, што ја делегираа нивната верба во нас да предводиме, да одлучиме. 

Им изразувам благодарност и на сите соработници и содејци, но и на владеачките партнери, заедно со пратениците на опозицијата кои што ни се придружија во овој тежок пат, но одлучен и прав правец. 

Длабока почит изразувам и до нашите пријатели во Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз, Лондон, Рим, Виена и на сите земји сојузници од евро-американската заедница затоа што овој пат го изодевме заедно, оваа висина ја искачивме рамо до рамо до самиот врв. 

Ние само што го започнавме поправањето на грешките од Париз 1919, редот е на Косово и Србија. Овој регион, од каде што започна уништувачката вековна лавина во 1914 година, треба и да ја заврши.

Време е за решенија, време е за мир, време е за НАТО и за Соединетите Европски Држави – наведува во своето писмено обраќање Али Ахмети. 

Сподели: