Здравје Магазин

Ајдучка трева – лек за мигрена

 

Ајдучката трева содржи етерично масло, флавоноиди, витамин К, смоли, танини и др. Се користи при несвестица, мигрена, нагон за повраќање, за очни болести. Се користи и за женски болести, при мокрење во кревет кај деца и стари луѓе.

Ајдучката трева директно делува на коскената срж и на создавање на црвени крвни зрнца. Се употребува како антитромботичко средство при мозочни удари. Има силно антибактериско дејство против стафилококи, еширихија, кандида и други инфекции.

Се употребува како чај. Се попарува една лажичка сува ајдучка трева и се остава кратко време. Исто така се приготвува и тинктура од ајдучка трева на тој начин што цветовите од ајдучката трева се преливаат со 40% ракија и се оставаат 14 дена на топло и сончево место. Маст од ајдучка трева: во 90г свинска маст се пржат 15г цветови од ајдучка трева и 15г листови од малина. Кратко време се пропржува и се остава да излади. По 24 часа се загрева повторно и се’ прецедува.

Сподели: