Вести Македонија Ударни вести

Алармантно висока загаденост на воздухот ги вознемири граѓаните

Сподели:

Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички вчера достигна досега незабележани и аларманто високи 1611 микрограми.

Ова вчера го регистрираше „Мој воздух“ во Прилеп, каде измината вечер беше загадено повеќе од 30 пати од дозволените 50 микрограми на метар кубен.

Вчера вечер се гушеше и цела Македонија. Ова го покажуваа мерните станици околу 19 часот:

Главниот град на Македонија, Скопје синоќа беше прв во светски рамки, по загаденост. Индексот на загадување во Скопје беше 430, а веднаш зад македонската метропола на неславната листа се најдоа градови од Индија, Пакистан, Бангладеш и Косово.

Мерните станиците и утрово евидентираат огромна концентрација на ПМ-10 честички во воздухот, а изутринава најзагадено беше во скопските населби Ѓорче Петров (510 µg/m3), Карпош 2 (495 µg/m3) и Црниче (473 µg/m3).

Со итните мерки се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Исто така, треба да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба.

Сподели: