Алијансата за Албанците ќе гласа за уставните измени

Сподели

Алијансата на Албанците ќе ги поддржат уставните измени, откако попладнево премиерот Заев прифати дел од нивните барања.

По средбата на премиерорт Зоран Заев со лидерорт на Алијансата за Албанците, Зијадин Села попладнево изјави дека прифатил некои од барањата на Села, односно од преамбулата на Уставот ќе се избрише делот „дел одграѓаните кои што живеат во границите“  Албанци, Турци… Поточно, во преамбулата се брише зборот „граѓани кои живеат во границите“ и се набројуваат сите заедници.

– Прифатен е и предлогот да се тргне делот „ кој што живее во границите“ за да не остави впечаток дека граѓаните Албанци и други се како времено да се тука, – изјави премиерот Заев.