Алијансата за Албанците нема да ја напушти владината коалиција

Сподели

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села попладнево по состанокот на Централното собрание на партијата што се одржа во Гостивар, изјави дека нема да ја напуштат владината коалиција. Тој изрази верување дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата.

-Ние одлучивме дека ќе бидеме дел од владата за реализација на програмата која им ја ветивме на гласачите. Ветивме дека ќе ги отвориме и деблокираме процесите, ветиме дека лидерот на Собранието ќе биде Албанец, дека законот за албански јазик ќе биде одобрен и дека ќе се отворат судските предмети. Процесите започнаа и се очекува да се реализираат во иднина – рече Села.

Централното собрание на партијата денеска ги разгледала извештаите од локалните избори и било одлучено партискиот конгрес да се одржи на 20. март 2018 година и дека претседателот на организациониот совет ќе биде Арбен Таравари.

Села повторно потенцираше дека ресорот здравство и припаѓа на Алијансата иако Венко Филипче е предлогот за министер за здравство кој веќе е во парламентарна процедура.

-Ќе видиме дали тоа ќе биде така кога ќе гласаме во Собранието. Ако се одлучи дека Венко Филипче ќе биде министер, ќе бидете известени за понатамошни чекори што треба да ги преземе Алијансата – рече Села.

meta.mk