Вести Свет Ударни вести

Амбасади во Москва добиле писма во кои имало „бела прашина“

Сподели:

 Во Москва до неколку амбасади се испратени писма во кои имало бела прашина, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што московската полиција и го даде на Руската информативна агенција РИА, се вели дека во некои амбасади, кои се наоѓаат во рускиот главен град, се испратени писма во кои имало бела прашина.

Претставниците на полицијата во Москва истакнаа дека сомнителните писма се преземени и дека е започната истрага во врска со случајот. Според првичните информации, во пликоата немало материи опасни по здравјето.

Полицијата не даде информации до кои амбасади се испратени сомнителните писма. Одредени извори, кои сакаат да останат анонимни, соопштија дека една од амбасадите до кои пристигнало такво е писмо е Амбасадата на Холандија.

Во последните денови, сомнителни писма со бела прашина се испратени до голем број лица и институции, како што се сопругата на Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на претседателот на Америка, и до Парламентот во Лондон.

Сподели: