Музика и Филм

Арета Френклин, кралицата на соул музиката почина на 76 години

Арета Френклин почина на 76-годишна возраст, по битката со рак на панкреасот.

Родена во 1942 година, Френклин ја освои титулата „Кралица на соул музиката” за нејзините музички дела од крајот на 60-тите години. Откако се пријавила на „Атлантик Рекордс” во 1967 година, таа постигнала огромен успех со песните „Spanish Harlem“, „I Say a Little Prayer“ и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman.”

Започнала со пеење како дел од црковен хор во Детроит каде нејзиниот татко бил свештеник, пред да започне кариера во 1960 година.

Во 1987 година, Френклин која има продадено над 75 милиони албуми низ целиот свет стана првата жена која беше примена во Куќа на славните на рокен рол музиката.

Таа е добитничка на 18 Греми награди, меѓудругото за нејзиното учество во култниот класик „Blues Brothers“ од 1980 и изведбата во 1998 година во која го замени оперскиот пејач Лучијано Павароти и ја пее познатата арија „Nessun dorma”.

 

 

 

Сподели: