Аријана и Бојан Коскарови на престижната листа „30 под 30“ од влијателниот Forbes

Сподели

Листата на Форбс, на успешни личности кои имаат под 30 години, оваа година вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории. На листата се најдоа Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Покрај Аријана и Бојан, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, Камила Кабело, францускиот фудбалер Де Канте, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.