Вести Македонија

Австралиската министерка за надворешни работи во Македонија

Сподели:

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп денеска престојува во официјална посета на Македонија. Таа, како што најави МНР, ќе има тет а тет средба со својот домаќин министерот Никола Димитров, по што се предвидени пленарни разговори помеѓу делегациите на министерстватa за надворешни работи на Македонија и Австралија. Министерката Бишоп попладне ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Сподели: