Австрија: Лавините на Алпите однесоа најмалку 10 животи

Сподели

Најмалку 10 лица досега го загубија животот во лавини во Австрија, а се трага по исчезнатите. Над илјада лица и натаму се отсечени во австриските Алпи. Локалните медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на девојката и момче по кои се трагаше од неделата.

Дел од медиумите јавуваат дека потрагата по исчезнатите е многу опасна, а спасувачките екипи се во постојана готовност. Пишуваат дека допрва се очекува нова количина на снег каква се гледа еднаш во 10 години.

Меѓу загинатите се и тројца Германци.