Вести Изјави Статуси Ударни вести

Богданов: Театрална “катарза” во партијата-ДПМНЕ се реформира во нова антизападна партија

Почитувани пријатели, најнапред сакам да го честитам денешниот празник Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Република Македонија.

Ова е значаен ден во македонската историја со кој се одбележува вековната борба на македонскиот народ за самостојна, независна и просперитетна држава рамо до рамо со цивилизираните народи, која борба, но во друга форма продолжува и денес.

Во однос на театралната “катарза” од претходната вечер преку која ВМРО ДПМНЕ се реформира во нова антизападна партија, чувствувам за потребно да го кажам следното:

Моето политичко дејствување во раководоството на ВМРО ДПМНЕ беше со единствена цел: да изградиме модерна, демократска и европска партија која силно, со конкретни чекори ќе ја поддржи евроатлантската агенда на нашата држава. За жал, раководството на ВМРО ДПМНЕ е далеку, многу далеку од овој идеал.

Напротив, раководството на партијата продолжи да биде промотор на антизападна националистичка реторика, која ги топли срцата на краток рок, но на среден и долг рок создава несогледливи последици врз општеството, граѓаните и иднината на државата.

Искрено верувам дека еден ден во ВМРО ДПМНЕ ќе дојде раководство кое ќе ја сфати пораката од предците, и суштината на нивната револуционерна борба која ја празнуваме денес.

ФБ статус, Костадин Богданов

Сподели: