БРАЗИЛ: ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА СИЛВА ОБВИНЕТ ЗА КОРУПЦИЈА И ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Сподели

Бразилското обвинителство покрена обвинение за поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва, неговата сопруга и уште шест лица за корупција и за перење пари, јавуваат локалните медиуми.

de_silva_braziliq

По првпат, Де Силва, кој и понатаму е најпопуларниот политичар во Бразил, и покрај обвиненијата за корупција против него и неговата Партија на работниците, е обвинет од федералното обвинителство дека е вмешан во голема корупциска шема со државната нафтена компанија “Петробраз”.

На случајот на Де Силва, ќе работи антикорупцискиот судија Сержио Моро, кој осуди десетина бизнисмени и други лица кои се вмешани во шемата со нафтената компанија.

Де Силва може да биде обвинет за земање на луксузен апартман во државата Сао Паоло на брегот на Атланскиот Океан од една од градежните фирми која е во центарот на скандалот со поткупите.