Вести Македонија Ударни вести

Брзина над дозволената и техничката неисправност – причина за сообрачајната несреќа кај Ласкарци

Обвинителството денеска поведе истражна постапка за шест лица за автобуската несреќата кај Ласкарци, во која загинаа 15 граѓани.

Меѓу осомничените е и возачот, за кој обвинителот Сашо Рајчев изјави дека водел со недозволена брзина, односно со 99 км на час иако автобусот смеел да се движи со максимална брзина од 80 км на час.

-Поради неприлагодената брзина на патот, возачот изгубил контрола над автобусот, по што преминал во другите ленти и на крајот излетал од патот. Поради техичките проблеми на сопирачките, односно уредот делиумно работел, пак не можел да го запре возилото.
Манипулиран бил и тахографот на автобусот, односно уредот кој ја мери брзината со која се движи возичото, односно бил наштиман да покаже помала брзина, рече Рајчев.

Меѓу приведените е и сопственикот на Дурмо Турс, но и вработени во правното лице кое ги вршела техничкиот сервис на автобусот.

-Иако бил утврден технички проблем со сопирачките, сепак автобусот добил сертификат за да превезува патници, рече Рајчев.

За сите приведени обвинителството бара притвор, што значи дека набрзо ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Сподели: