Вести Свет Ударни вести

Калифорнија: Во пожарите загинаа 31 лице – 228 се исчезнати

Огнената стихија што од четвртокот беснее во Калифорнија одзеде 31 човечки живот. Окружниот шериф изјави дека од четвртокот се трага по уште 228 лица. Околу 7.000 згради целосно изгореа во Северна Калифорнија, јави државната шумска служба. Луѓето кои бегаат од катастрофата засолниште бараат кај пријатели или роднини, како и во центрите за евакуација, поради што голем […]

Вести Свет Ударни вести

Полска ја одбележа стогодишнината од крајот на туѓото владеење со палење на европското знаме

Со завршувањето на Првата светска војна Полска повторно се појави на европската карта. Завршија 123 години туѓо владеење. Традиционалниот марш по повод денот на независноста кој го организираат полските националисти на овој ден, националконзервативната влада на ПиС (Право и Правда) го искористи за големи симболични демонстрации. Ова е првпат заедно да маршираат оние што се […]

Вести Свет Ударни вести

Избегната несреќа при посетата на Тереза Меј во Белгија

  Двајца полицајци на мотоцикли, кои биле дел од конвојот на премиерите на Британија и Белгија, се повредени кога на нив налетал автомобил, но најверојатно станува збор за несреќен случај, наведуваат белгиските медиуми. Во конвојот на патот од гробишатата Сен Симфоријен каде британската премиерка Тереза Меј била заедно со белгискиот премиер Шарл Мишел, кои се […]

Вести Свет Ударни вести

Шпанската полиција спречи планиран напад врз премиерот Педро Санчез

Шпанската полиција спречила планиран напад врз шпанскиот премиер Педро Санчез, јави ДПА. Каталонската полиција објави денеска на Твитер дека уапсила  човек кој „сакал да го убие” Санчез и оти пронашла голема количина оружје во неговиот дом, пренесува МИА. Човекот бил уапсен пред три недели во каталонскиот град Тераса, под сомневање за планирање на нападот, се […]

Вести Свет Ударни вести

Американскиот државен обвинител по барање на Трамп поднесе оставка

Американскиот државен обвинител Џеф Сешнс поднесе оставка по бурните односи со претседателот Доналд Трамп. Ваквата одлука следува откако Трамп јавно го критикуваше државниот обвинител во врска со прашањето за истрага за мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 година. Сешнс соопшти дека поднесува оставка токму на барањето на американскиот претседател. Во писмо упатено до […]

Вести Свет Топ теми Ударни вести

Планиран атентат на францускиот претседател Макрон

  Француската полиција уапси шест лица поради планирање на напад на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Акцијата била изведена во рамките на големата истрага поради заканите кои што биле упатувани кон францускиот претседател Макрон. Шест француски ултрадесничари биле уапсени во акција на француските безбедносни служби. […]

Вести Свет Ударни вести

Под засилени мерки за безбедност во Њујорк почнува судењето на Ел Чапо

  Под засилени мерки за безбедност, денеска во Њујорк почнува судскиот процес против Мексиканецот Хоакин Гусман со прекар Ел Чапо, кој 25 години беше на чело на најголемиот наркокартел во светот и во 2017 година беше екстрадиран во САД, по две бегства во Мексико, пренесува МИА. Според американските обвинители, Ел Чапо – кого го викаат […]

Вести Свет Топ теми Ударни вести

Италија: Невремето одзеде 30 животи

Билансот на жртвите во невремето, проследено со силен ветер и поројни дождови, што минатата недела ја погоди Италија, според последните податоци изнесува 30 загинати, од кои 12 ги загубиле животите на Сицилија, соопштија синоќа италијанските власти. Меѓу жртвите се и девет членови на две семејства, вклучлитечно и две деца и тинејџер, кои за време на […]

Вести Свет Ударни вести

Индонезија: Пронајдени 52 лични карти на патниците од паднатиот авион

Спасувачките екипи во Индонезија сè уште трагаат по жртвите од авионската несреќа што се случи во неделата, кога патнички авион на авиокомпанијата „Lion“ на летот JT610 падна во морето кај Западна Јава, јавува Anadolu Agency (AA). Авионот од типот „Боинг 737 MAX 8“ со 189 патници и членови на екипажот се урна во неделата наутро […]

Вести Свет Ударни вести

Архангелск: Експлозија во близина на објектот на Руската федерална служба за безбедност

Руската информативна агенција ТАСС објави вест во која се вели дека во Архангелск, во раните утрински часови, од засега непознати причини, дошло до експлозија во близина на објектот на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ). Во експлозијата животот го загубило едно лице. Засега нема информации за причините за експлозијата.