Дали доволно знаете за родовото насилство?

Сподели

Придружете ни се во петок, 7 декември во 11 часот, на фејсбук сесијата со Лина Пејков од Здужението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ и слушнете повеќе за историјата на 16-дневниот активизам против родовото насилство, што се прави во Македонија за да бидеме дел од оваа меѓународна кампања, дали овие кампањи помагаат за спречување на овој вид насилство и други важни прашања поврзани со оваа тема.

Учествувајте и вие со ваши прашања, збогатете ја оваа дискусија со цел да се споделат повеќе информации и да се охрабрат жртвите на семејно насилство да кажат НЕ како и да се зголеми свеста кај сите граѓани за соодветна поддршка и начини за справување со родовото насилство.