Денеска средба Иванов – Туск

Сподели

Доналд Туск денеска во Скопје ќе се сретне со претседателот на Ѓорге Иванов, и ќе разговараат за политичката криза во Македонија по изборите од 11. декември и заканата од илегалната миграција

Туск во Скопје ќе има средба само со Иванов во неговиот кабинет. Во 14 часот е закажана средбата на Иванов и на Туск, а половина час подоцна ќе се одржи и пленарниот состанок на двете делегации. Во 15 часот предвидено е двајцата да дадат изјави за медиуми.