Денеска во Собранието ќе се поставуваат пратенички прашања

Сподели

sobranie-na-rm-640x360_20162118501

Пратениците на денешната седница на Собранието ќе имаат можност да поставуваат пратенички прашања.

Како што е најавено, пратениците на СДСМ нема да учествуваат, бидејќи одлучија да ја замрзнат работата во Собранието сè додека Уставен суд не се произнесе за уставноста на иницијативата на Законот за специјално јавно обвинителство.

Ова е прва седница откако пратениците по распуштањето повторно се собраа во Собранието.

мета.мк