Вести Македонија Ударни вести

Џафери ги распиша претседателските избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша решението за распишување на претседателските избори и предвремени локални избори за градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село. Првиот круг од изборите треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

“Фер и демократски услови ќе бидат еден од условите по кој ќе не оценуваат и вреднуваат во нашето натамошно евроатласнко интегрирање. Затоа ги повикувам сите учесници во изборниот процес да се однесуваат согласно Уставот и законите и Македонија да добие избори какви што и доликуваат на една европска земја за доброто на сите граѓани и за остварување на државните стратешки интереси”, изјави Џафери.

Политичките партии досега официјално немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кандидатите решија да ги избираат преку јавен оглас. Од помалите политички партии како од македонскиот така и од албанскиот блок најавија дека на изборите ќе одат со свои кандидати.

Сподели: