Вести Македонија Ударни вести

Џафери во работна посета на Романија и Литванија

Сподели:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија и ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби.

Седницата во романскиот парламент ќе се одржи утре, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба на пратеникот Панчо Минов, ќе се обрати пред пратениците на Сејмот на Литванија.

Во рамките на овие работни посети претседателот Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.

Сподели: