Вести Македонија Ударни вести

ДИМИТРОВ: И Македонија на Грција и доставила своја нацрт-спогодба решавање на спорот

Сподели:

„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, ќе бидам краток, имам веднаш после ова состанок, седницата на Владата е во тек. Имам да соопштам, две или три важни вести, чекори, во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Република Македонија и соседна Грција.

Денеска во попладневните часови во Атина, претставник на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, го достави до грчката страна Нацрт-договорот што беше интензивно подготвуван во последниве денови. Од наша страна, македонскиот Нацрт-договор. Истовремено сакам да потврдам дека во изминатите денови, го добивме и грчкиот Нацрт-договор.

И со ова, комуникација која што досега се одвиваше главно низ усмен дијалог влегува во една фаза, каде што има и размена на пишани документи.

Убедени сме, целта е да се најде едно одржливо и едно достоинствено решение за надминување на разликата околу името. Да се најде една разумна дистинкција меѓу нашата држава Македонија и регионот Македонија во Грција.

Тоа е можно. Со нетрпение и со задоволство ја очекуваме посетата на мојот колега министерот Коѕијас којшто ќе допатува во четврток ќе има доста средби и активна програма во петок.

И следната недела, на 30-ти март, на тоа ниво, двајцата министри ќе имаме прилика, под медијаторство на господинот Нимиц, под покровителство на Обединетите нации (ОН), да ги продолжиме разговорите во Виена.

Убедени сме, дека елементите, од нашата Нацрт-спогодба ќе бидат корисни и во рамките на тој процес, којшто е главен, бидејќи и формално врз основа на Резолуцијата осум, еден, седум, од 1993-тата година, на Советот за безбедност на ОН, овој процес и се води токму за тоа. Да се надмине разликата околу името и процесот се води под покровителство на Светската организација, на ОН.

Сподели: