Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Димитров: Се работи за обид за добивање класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија

Сподели:

-“Одлуката за протерување на рускиот дипломат од Македонија ја донесовме по внимателно размислување и анализа. Одлуката се заснова на два елемента, едниот е меѓународен, односно настанот што се случи – труење со хемиско оружје во Велика Британија и солидарноста што ја побараа нашите сојузници”, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на прес-конференцијата со својата австриска колешка Карин Кнајсл.

Според него, има и домашна основа за чекорот на Министерството за надворешни работи. Како што кажа Димитров, станува збор за лице што излегло од својот дипломатски мандат.

– “Се работи за обид за добивање класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија. Но, должни сме да го заштитиме идентитетот на дипломатот и ќе биде штетно да се шпекулира. Нашите сознанија се потпираат врз цврсти докази и немаме дилеми околу тоа” – рече Димитров.

Оцени дека меѓу пријателите има и недоразбирања, а кога тие ќе се надминат пријателството ќе биде посилно.

 

Сподели: