Вести Свет

Доналд Трамп стана 45. претседател на САД

LAS VEGAS, NV - FEBRUARY 23: Republican presidential candidate Donald Trump speaks at a caucus night watch party at the Treasure Island Hotel & Casino on February 23, 2016 in Las Vegas, Nevada. The New York businessman won his third state victory in a row in the "first in the West" caucuses. (Photo by Ethan Miller/Getty Images)

 

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, официјално e прогласен за 45. претседател на САД и во победничкиот говор порача дека ќе биде претседател на сите Американци, дека САД ќе биде најголемата економија во светот и дека тој ќе го оствари американскиот сон.

Трамп рече дека поранешната државна секетарка и негова противкандидатка Хилари Клинтон му честитала на победата, а тој ѝ честитал на жестоката борбата.

– Сега е време САД да ги лечат раните. Ги повикувам и деморкатите и независните да се сплотиме како нација. Ќе бидам претседател на сите Американци. Тие што не ме поддржуваа во минатото, ги повикувам на помош за заедно да работиме на доброто на оваа голема нација. Нашата кампања беше движење на мажи и на жени кои си ја сакаат државата, како и на нивните семејства. Тоа беше движење на сите народи кои очекуваат владата да им служи на граѓаните. Ако работиме заедно, ќе почнеме да ја сплотуваме нашата нација и да го оствариме американскиот сон. САД имаат голем потенција. Секој Американец ќе има можност да го оствори својот потенцијал и ниту еден Американец нема да биде заборавен. Нашата држава ќе биде далеку пред сите други и конечно ќе се погрижиме за нашите ветерани кои се големи луѓе. Имаме големи економски планови, ќе бидеме најсилна економија во цел свет. Ќе се согласуваме со сите други нации во светот. Очекувам да имаме одлични односи со целиот свет. Ништо не е недостижно за нас, Америка го очекува само најдоброто – рече Трамп.

На крајот, новиот претседател на САД порача дека ќе ја земе судбината на Америка во свои раце, а за поддршката и за историската победа им се заблагодари на неговите родители, сестри, брат му, неговите деца, сопругата Меланија и на сите поддржувачи што гласале за него.

meta.mk

Сподели: