Колумна Текстови

Дваесет години затвор за попречување на правдата – Ерол РИЗАОВ

Ерол РИЗАОВ

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски им должат јавна благодарност на премиерот Зоран Заев и СДСМ, на Специјалното јавно обвинителство и делот од судството што ја одработуваат најтешката работа од прогласувањето на независноста на државата. Преспанскиот договор со Грција, отстранувањето на блокадите за евроатлантски интеграции и чистењето на ВМРО-ДПМНЕ од криминалниот и компромитиран режимски врв се најголемиот ќар на партијата за што сега Мицкоски бара да бидат казнети добродетелите и тие што ја трасираа иднината на земјата, па така без да мрднат со прст сакаат да се вратат на власт, а не е завршена генералната дератизација во белата палата. Без мирната револуција на граѓаните, тоа што се случи со „бомбите“ и со СЈО, ВМРО-ДПМНЕ ќе се задушеше заедно сосе Македонија во сопствениот бербатлак.

***

Ќе ве обвиниме за попречување на правдата ако ги прикривате доказите во истражната постапка. Оваа чудесна реченица е законска обврска, главен столб на кој се потпира владеењето на правото во земјите каде законите важат подеднакво за сите. Во Македонија нема таков закон, па затоа секој ден гледаме јавно спречување на правдата и тоа во еден пресуден период за иднината на земјата кога првпат има успешни обиди за ослободување на заробената држава. Како паѓаат пресудите со затворски казни така трескавично се бараат милион начини со разни уцени и политички договори да се спречи правдата, да се спасат осудените да не одат во затвор, а осомничените да се ослободат од судски постапки. Се оди дотаму што политичари како Мицкоски бараат да се сменат јавни обвинители, да се укинат обвинителства, да се постават партиски обвинители и во СЈО и во редовното јавно обвинителство по партиски избор, да се прогласат осуденици за невини и за неправедно осудени. Да бидат народни херои и свети маченици тие што избегале од правдата со помош на моќните попречувачи на владеење на правото. Сите овие поддржувачи на криминалот и корупцијата, на кршење на човековите права, на организаторите на крвопролевање во Собранието, во правни држави би биле поодамна сместени во затвор. Кај нас попречувачите на правдата бараат власт.

Предупредувањето за попречување на правдата е волшебна формула во правните држави која ги одврзува јазиците на сведоците и на сите опфатени со истрагата кои располагаат со одредени сознанија кои треба да бидат изведени пред судот како докази. Обидот за попречување на правдата во зависност од тежината на престапот може да заврши со повеќегодишна затворска казна, во некои тешки случаи и над 20 години.

Колумната во целост прочитајте ја тука

Сподели: