Магазин Наука и Технологија

Елон Маск ќе произведува лего од карпи, за градби со реални димензии

Сподели:

Американскиот претприемач Елон Маск изјави дека неговата компанија „Boring“ ќе произведува градежни камења слични на лего, кои можат да се обликуваат од карпите кои се отстрануваат од под земја при проекти за ископување на тунели, јавува Anadolu Agency (AA).

Во пораката на Твитер, Маск изјави дека компанијата „Boring“, која работи во проекти за ископување на тунели во сојузните американски држави Калифорнија и Мериленд, ќе лансира камења во форма на лего, кои ќе бидат обликувани од карпите што се копаат од под земја, и дека на тој начин „зградите и скулптурите можат да се градат во реални димензии“.

Маск во својот статус го истакна следното: „Новите лиценцирани производи на компанијата „Boring“ доаѓаат наскоро. Добиените карпи од ископувањето на тунелите се прицврстуваат едни на други… Тие можат да се користат за изградба на згради и скулптури во реални димензии. Од една страна се компатибилни за калифорниските сеизмички стандарди, тоа значи дека се многу цврсти, а од друга страна се карактеризираат со мала тежина бидејќи во средината имаат празнина како лонгеронот на авионското крило.“

Маск истакна дека првиот модел што ќе биде лансиран на пазарот би бил наречен „Древен Египет“ и дека пирамидите, Сфингата и Храмот на Хорус би можеле да бидат повторно изградени со делови од сетот.

Компанијата „Boring“ во моментов има два проекта за тунели во градовите Лос Анџелес и Балтимор.

Маск, кој произведуваше електрични возила „Tesla“, ракетни и вселенски возила со „SpaceX“, како и соларни енергетски решенија со „SolarX“, претходно на пазарот лансираше пламенофрлачи како лиценциран производ на компанијата „Boring“.

Сподели: