Вести Свет Ударни вести

ЕУ воведува визи за државјаните на САД

Граѓаните на САД од 2021 година ќе треба да вадат виза кога ќе сакаат да патуваат во земјите од Шенген, стои во соопштението од Европската унија. На основ на новиот Европски систем за информации и одобрување на патувања (ЕТИАС) од 2021 година ќе биде потребна виза за граѓаните на САД за  влез во било која од 26 земји членки на Шенгенскиот договор.

Во соопштeнито од ЕУ е истакната дека новите регулативи се воведуваат за да се избегнат  новите проблеми со илегалната миграција и тероризмот и дека по добивањето на ЕТИАС визата таа ќе трае 3 години.

„ЕТИАС визата за Американци овозможува повеќе влегувања со малку рестрикција како би се унапредил туризмот, а при тоа се одржува и високото ниво на меѓународната безбедност“ се наповенува во соопштението.

На поголем дел од државјаните на ЕУ кои патуваат во САД не и е потребна виза, но , тоа не важи и за жителите на Полска, Кипар, Романија, Хрватска и Бугарија.

Инаку, Шенгенската област е составена од 26 држави меѓу кои непостојат интерни граници, што на граѓаните им овозможува слободно патување.

Во моментот на граѓаните на САД не им е потребна виза за влез во Европа ако остануваат помалку од 90 дена.

Сподели: