Статуси

ФБ СТАТУС – Ненад ЈОВАНОВИЌ

Сподели:

13895098_1020192021432600_6203508055007992831_n

” Која е таа Димишкова? Кој е бре тој Чилиманов? Какво е тоа ад-хок тело за медиуми кое треба да штити балансиран извештај за јавен, општ интерес пред избори? Овие се чесни професионалци? Овие ли ќе бидат на врвот на медиумите, вакви кои знаат дека дресура на медиумите значи дресура на граѓаните. Има во оваа држава вистински, прави луѓе кои ќе изберат да бидат на страна на читателите, спремни да платат онолку колку што таквата ориентација чини. Неколку медиумски гиганти платија со својата вера и својот професионален живот. Дали умреа за ништо!? Дали умреа за џабе, за сега некои џелати да продолжат во дресурата!? Нека дигнат рачиња ако Димишкова и Чилиманов го читале Веселко Тенжеру? Не дигаат? Добро. Човекот беше најдобар новинар во бивша Југославија. Го читале ли тие од новото ад-хок тело Винавер? Не го читале. Го читаа ли барем Никола Младенов? Ако го читаа Младенов барем ќе ги препознаевме по однесувањето и стилот. Ама ништо. Јеботе ад-хок тело во кое најдобрите новинари наместо да работат (вистински јавен интерес), дремат на Фејсбук.”

Фејсбук статус, Ненад Јовановиќ

Сподели: