ФК „Челзи“ ќе ги испраќа навивачите расисти во Аушвиц

Сподели

Раководството на фудбалскиот клуб „Челзи“ размислува во иднина навивачите кои имаат расистички испади да ги испраќа во Аушвиц, со цел да ги сфатат сопствените грешки.

Од лондонскиот клуб сметаат дека тоа би било поделотворно, отколку да им се забрани да доаѓаат на натпреварите, а иницијативата ја поддржува и сопственикот Роман Абрамович, кој има еврејско потекло.

Во „Челзи“ веруваат дека посетата на концентрациониот логор и предавањата ќе помогнат за искоренување на антисемитизмот, кој е присутен меѓу фудбалските навивачи во Англија.

„Ако им забраните да не доаѓаат на натпреварите тоа никогаш нема да го смени нивното размислување и однесување. Вака им се нуди можност да сфатат што направиле и во иднина подобро да се однесуваат. Во минатото ги санкциониравме и со забрани од по три години, но сега ќе имаат опција да сфатат што направиле“,изјави Брус Бак од управата на Челзи.