Вести Македонија Свет

ФОТО: Топ канал објави фотографија од Груевски на преминот Хани Хоти

Сподели:

Aлбанската телевизија топ канал објави, а пренесоа и медиуми на албански јазик и во Македонија фотографија за која телевизијата тврди дека е направена на 11 ноември 2018 година во 19 часот и 11 минути на преминот Хани Хоти на Албанско Црногорската граница.

Во возилото сопственост на амбасадата на Унгарија со регистарски ознаки CD 1013A камерата од преминот го снимила бегалецот Никола Груевски а во возилото имало уште еден сопатник кој го придружува.

Топ канал тврди дека фотографијата е автентична.

Ова е прва снимка на бегалецот Груевски кој експресно доби и политички азил од неговиот пријател Орбан и најде засолниште од затворската казна и од другите судски рочишта за злоупотреби во времето кога беше премиер на Македонија.

Сподели: