Вести Свет Ударни вести

Франција го суспендира зголемувањето на данокот на горива

 

Француската влада го суспендира зголемувањето на данокот на горива за шест месеци, а тарифите за струја и за гас нема да се зголемуваат зимоска, соопшти денеска францускиот премиер Едуар Филип. До ова доаѓа за да се намалат тензиите поради незадоволството на движењето „Жолти елеци“ кое со денови организира протести, јавува РСЕ.

Од 17 ноември во Франција се организираат протести и блокади на „Жолтите елеци“, кои почнаа да се собираат прво поради најавеното зголемување на даноците на гориво, но тоа прерасна во општо незадоволство од политиката на претседателот Макрон.

Над 100 луѓе се повредени во протестите во Париз, а 412 беа приведени за време на викендот за време на најголемите урбани немири во Франција во изминатите години, кога беа запалени десетици возила, беа кршени излози, а Триумфалната капија беше оштетена и ишарана со графити.

РСЕ

Сподели: