Вести Македонија

ФРОДЕМ: Ако законите не важат подеднакво за сите, тогаш како воопшто и да не важат

Сподели:

Во врска со поднесените обвиненија од страна на СЈО, ФРОДЕМ очекува од Кривичниот суд Скопје да постапи согласно Уставот на РМ и законите. Затскривањето на обвинетите зад политичка партија треба да се третира како отежнувачка околност, а не како околност поради која Судот треба селективно да постапи.

Во изминатите десет години Судот определи илјадници мерки притвор. Во денешното постапување Судот треба да се држи до истите критериуми како и при досегашното определување на мерката. Во спротивно, постапувањето ќе биде селективно. Ако законите не важат подеднакво за сите, тогаш како воопшто и да не важат. Доколку не се определи мерката притвор таму каде што е неопходно, а потоа се случат повторувања на кривичните дела, влијанија врз сведоци за да се попречи правдата, бегства или слична противправност, тогаш и судиите ќе бидат одговорни.

Ова е голема прилика судството да покаже моќ за трансформирање и реформирање. Сакаме да веруваме дека досега партизираните и контролирани судии ке ја искористат оваа шанса за да се ослободат од стегите на политичките и другите влијанија, ке донесат исправна одлука и јавно ке им се извинат на граѓаните за нивната досегашна прислужничка работа и дејствување.

Од понеделник па натаму новата власт мора најитно да се позанимава со корумпираните и партизирани судии кои досега судеа и за жал сеуште судат по налог на нивните партиски ментори. Тие се заштитници, но истовремно и соучесници во досега сторениот криминал и за нив нема место во судството. Потребна е одгвороност на сите кои го девалвираат правосудниот систем во нашата држава

ВМРО е вечно, а раководствата се менливи. На партијата ќе и се случат нужните кадровски промени во раководството и таа брзо ќе врати својата политичка моќ. Организирање на дел од раководството на криминална основа може да значи само тешка повреда на угледот на партијата и свесно или несвесно загрозување на нејзината иднина. И други големи партии во соседството минување низ проблематични ситуации. Но, тие не ги штеделе одговорните, не ја попречувале правдата, напротив соработувале со правдата, а виновните одговарале. Познато е дека на тој начин овие партиите претрпеа минимална штета и брзо се вратија на политичката сцена и на власт.

Што се однесува до историјата и судот на историјата само ќе потсетиме на ноторниот факт дека голема партија како што е ВМРО не смее да биде заложник на нечие криминално делување и поради тоа да пропадне. Е тоа историјата нема да ни го прости.

 

Сподели: