Генералот Румен Радев победник во првиот круг претседателски избори во Бугарија

Сподели

timthumb-1

Според првичните и неофицијални резултати, педесет и три годишниот екс генерал Румен Радев е победник во првиот груг на претседателските избори во Бугарија.

Тој освои 24, 3 проценти од гласовите, пред Цацка Цачева од владеачката партија на премиерот Бојко Борисов која има 23,46 проценти. Според овој резултат јасно е дека овие двајца кандидати ќе се тркаат за претседателската функција во втор круг. Официјалните резултати ќе бидат соопштени во вторник.

Претседателот во Бугарија има церемонијална функција, и како шеф на државата нема извршни овластувања, односно сите поважни политички одлуки мора да ги одобри парламентот.

Тој раководи со вооружените сили, именува амбасадори и шефовите на разузнувачките и безбедносните служби, потпишува меѓународни договори и може да стави вето на законите.