Вести Свет

ГЕРМАНИЈА: „Европа а ла кард“ е закана за единството на Унијата

Сподели:

 

Германија како главен приоритет во преговорите за заминување на Велика Британија од ЕУ ќе го потенцира единството на преостанатите земји членки, дури ако тоа предизвика негативни финансиски состојби. Ова е содржано во партиски документ на германските Социјалдемократи, јавува дописникот на МИА од Берлин.

– Ако дозволиме „Европа а ла кард“ односно Унија во која што сите ќе добиваат се` што ќе посакаат, тоа ќе доведе до неконтролиран домино ефект, којшто ќе биде закана за единството на Унијата, се вели во документот, кој го објавува германските медиуми, а е подготвен од експерти на СПД, која што е дел од владината коалиција во Берлин .

 Документот насловен „Засилување на кохезијата на ЕУ – клучни точки во преговорите со Велика Британија“, содржи предлози за начинот на кој што треба да се водат преговорите со Лондон и сугерира сите аранжмани со Британија по нејзиното заминување од ЕУ да бидат краткорочни и поврзани со исполнување на услови поставени од Брисел.

За документот неделава треба да расправа и парламентарната група на СПД во германскиот Бундестаг. Германската влада инсистира што е можно побрзо Лондон да почне со процесот на заминување од ЕУ условувајќи го притоа учеството на Велика Британија во заедничкиот европски пазар со слободниот проток на луѓе, капитал и стока.

Сподели: