Вести Став

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА: Договорот за Северна Македонија ќе биде поништен

Во пресрет на последното гласање за уставните промени, “Глас за Македонија” им порачува на сите граѓани, на меѓународната заедница,  на Република Грција, дека наредната влада на Република Македонија, со полно право ќе го поништи овој штетен договор. Договор кој се заснова на кршење на волјата на мнозинскиот народ, прекршување на постојниот устав, на уценети пратеници, на селективна и наменска, противуставна амнестија,  на ослободени криминалци, на насилство без преседан на правната држава, секоја наредна влада ќе има не само право, туку и должност да го поништи.

“Им порачуваме на пратениците добро да размислат за последиците кои ќе резултираат со големи и непремостливи поделби кај македонскиот народ, да размислат дека нема цена за губењето на идентитетот и државотворноста на македонскиот народ. Да не се осмелат да ги поништат нашите стекнати права, нашето право на самоопределување. Дали не се свесни дека ја отвораат вратата и за федерализација на државата со постојаните барања на некои албански партии и со променетата преамбула?”

Одговорноста е на нивни плеќи, на оние кои не ја почитуваа јасната волја на народот на последниот референдум. Последен момент е да не подлегнат на уцени, ветувања, и јавната полза да ја стават пред сопствената. Ќе се посрамотат за вечност, а договорот ќе биде поништен – се наведува во соопштението на “Глас за Македонија”.

Сподели: