Главна расправа за предметот „Тврдина 2“ – исклучена јавноста поради изведување доверливи информации

Сподели

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, во кој според обвинението од СЈО, непосредно по објавување на опозициските „бомби“, биле уништени системи за следење на комуникации.

Првообвинет во овој случај е поранешниот началник на  Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујовски и шест вработени во Управата. На Грујовски, кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство.

На претходното рочиште беше кажано дека во овој случај сведок е и колегата на Грујовски од УБК, Никола Бошковски, кој, исто така, е во бегство.

Горан Грујовски и Никола Бошковски се во бегство и по нив е распишана и меѓународна потерница. Тие не се достапни од 18. јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд.

На почетокот на денешното рочиште судијката на барање на одбраната и обвинителите ја исклучи јавноста од расправата поради изведување доверливи информации.