Голем одзив на донаторската забава за помош на казнетите демонстранти

Сподели

fa265b0ed259a5754fedee39d71001e1

Голем број на граѓани денеска доаѓаат во кафе-барот „Излет“ да донираат средства за помош на казнетите демонстанти, учесници на протестите на „Шарената револуција“.

– Денеска се собравме за да изразиме солидарност со настраданите во процесот на ослободување на Македонија. Покажуваме дека сме еден за сите, сите за еден – изјави Александар Младеновски од „Шарената револуција“.

Тој додаде дека најголем дел од средствата ќе бидат наменети за плаќање на казната за членовите на партијата „Левица“ за кои бараат ослободување од домашен притвор, но и за казните на другите демонстранти кои заработиле кривични или прекршочни пријави.

Поддршка на хуманитарниот настан и донации дадоа и од опозициската СДСМ. Во „Излет“ се појавија лидерот Зоран Заев и потпретседателката  Радмила Шеќеринска.

– И ние се приклучивме на солидарната акција која е во организација на граѓаните. Сите млади кои излегуваат низ улиците на државата не се борат само за своите права, туку ја водат битката за сите нас. Во оваа држава можете да лежете в затвор за 100 ќебапчиња, а да бидете на слобода ако крадете избори и вршете тортура врз граѓаните, институциите и државата. Лишени се од слобода оние кои својот гнев го изразија не со камења, туку со боја – рече Шеќеринска.

Од „Шарената револуција“ најавија дека утре ќе блокираат крстосници и дека секојдневно на различен начин ќе го изразат својот револт, се додека не се исполнат нивните барања.

Акцијата во кафе-барот „Излет“ ќе трае до 1 часот по полноќ.

 

Голем одзив на донаторската забава за помош на казнетите демонстранти