Вести Македонија

Ѓорѓе Иванов упати честитка по повод 22.ноември – Денот на aлбанската азбука

Сподели:

ivanov-e1448121884138

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 ноември – Денот на aлбанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

 – “Денеска се одбележува Денот на создавањето на албанската азбука. Овој ден се смета за еден од клучните настани за себеидентификација и за промовирање на албанската национална мисла. Идентитетот на народот тесно се поврзува со континуитетот на традицијата. Унифицирањето и стандардизирањето на азбуката е еден од основните елементи со кои се гради културолошката и колективната свест. Негувајќи го јазичното и културно богатство се остава трајно сведоштво за културната и национална особеност”, пишува во честитката на македонскиот претседател, во која се истакнува дека право и должност на секој народ е да ја негува и унапредува традицијата, поистоветувајќи го јазикот како најголемо духовно богаство.”

„Заклучоците од Битолскиот конгрес, на кој се прифатила латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик, говорат дека право и должност на секој народ е да ја негува и да ја унапредува традицијата, поистоветувајќи го јазикот како најголемо духовно богатство. Можностите за образование и за творење на својот мајчин јазик се вредности кои го јакнат и културниот плурализам во земјава.”

Меѓу останатото, во честитката претседателот Иванов порачува дека книжевното наследство е должност која мора да се исполни како влог за просперитетна иднина и сожовот.

„Во оваа пригода на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија сакам да им го честитам празникот на азбуката, а на сите граѓани сакам да им порачам дека книжевното наследство и континуитетот на традицијата се должности кои мора да ги исполниме како влог за просперитетна иднина и за соживот меѓу сите граѓани во Република Македонија.”

Сподели: