Вести Македонија Ударни вести

Ѓорѓи Филипов ќе се пријави за претседателски кандидат на СДСМ

Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Ѓорѓи Филипов во текот на денешниот ден ќе поднесе пријава за кандидат за претседател на СДСМ.

Преку соопштение до јавноста информираше за планираните активности.

“Почитувани новинари и медиумски куќи, јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, денес, 11 февруари 2019 година, ќе поднесам Пријава за кандидат за претседател на Република Македонија на Отворениот повик за Претседателските избори за 2019 година на СДСМ.

По тој повод, ве поканувам на прес-конференцијата закажана на 11 февруари 2019, со почеток во 12.00 часот во хотелот „Александар Палас“, Скопје. Ќе ми биде задоволство да ви се обратам и да одговорам на вашите прашања – се наведува во информацијата испратена до медиумите на ексамбасадорот Филипов.

Сподели: