Груевски на суд за „шамарите“ во Центар

Сподели

За денеска е закажно ново рочиште за насилството во општина Центар, во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и уште 12 лица.

Тој е обвинет за случајот со нарачани шамари за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и за организараното насилство пред општината во 2013 година. Освен него, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Груевски првпат на обвинителна клупа ќе седне од позиција на лидер на опозицијата. Минатото рочиште се одложи бидејќи петмина од обвинетите не се појавија иако имале уредни покани.