Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Груевски од Будимпешта: Јас еден ден ќе се вратам

Сподели:

Груевски во интервјуто за Сител изјави дека бил спремен да оди во затвор, но во последен момент од „добро информирани луѓе од внатре“ бил информиран дека во затворот му се спрема ликвидација и тогаш ја ја сменил одлуката и решил да избега во Унгарија.

– Информациите за ликвидацијата ми беа од сигурни затворски извори. Не можам да кажам кој сакал да ја организира ликвидацијата бидејќи немам докази – рече Груевски.

-Тука во Унгарија имам многу посети од пријатели од Македонија. Не сум имал посети од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но од многу други мои пријатели имам чести посети тука.

-Еден ден ќе се вратам, не сум дојден тука да живеам туку привремено да се засолнам од прогонот на власта. Се  борев до последно на суд но кога видов дека треба да влезам во затвор за нешто за што во други држави не се покренува ни постапка – рече Груевски.

Сподели: