Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Груевски за РАИ: Во затвор сигурно ќе ме убиеја

Сподели:

Поранешниот македонски премиер кој е во Унгарија, Никола Груевски, даде интервју за РАИ каде зборува за политичкиот прогон.

– Случајот за кој бев обвинете фалсификуван, знаев дека има план да ме убијат зад решетки. Не можам сега да обезбедам детали, но но секогаш има некој на кого не му одговарате, вели Груевски.

Вели дека пред да ја напушти земјата испратил писмо до Јоханес Хан и Могерини, дури и на Меркел, за да испратат судија во пензија да го види случајот, вели тој.

Убеден бил дека ЕУ не ги прочитало документите.

– Решив да дојдам во Унгарија зошто има независни институции, вели тој за РАИ.

И понатаму е противник на Договорот со Грција:

– Немаше руско влијание врз мене и мојата партија, вели Груевски. 

Сподели: