Вести Свет Ударни вести

Хакерски напад во Германија – украдени се илјадници податоци од политичари и новинари

Тежок хакерски напад се случи во Германија. Украдени се илјадници податоци од германски политичари, новинари и познати личности и од германската канцеларка Ангела Меркел.

Со хакерскиот напад биле погодени политичари од речиси сите политички партии, чии податоци засега не се објавени. Меѓу објавените податоци на познатите личности се наоѓаат броеви на телефони, адреси, броеви на лични документи, изводи од електронски комуникации, сметки и информации за кредитни картички.

Погодени биле и бројни уметници и новинари, пред се јавните сервиси ARD и ZDF. Само во ARD најмалку 33 новинари биле погодени од хакерскиот напад.

Од вчера е започната истрага и се разменуваат информации со странски разузнавачки служби за да се влезе во траг на хакерскиот напад.

Првата истрага покажала дека хакерите најверојатно упаднале во компјутерите преку “Outlook”, програм за праќање на мејлови. Кога украле лозинки од најмалку 30 политичари, дошле до други преку мрежата и профилите на социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук.

Сподели: