Харадинај: Може да преземеме одредби од Преспанскиот договор во односите меѓу Косово и Србија

Сподели

“Не би смеел да кажам дека Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција може да биде модел да нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, но може да преземеме некои добри одредби од договорот”, вели косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервју за МИА.

-“Ние имаме за цел постигнување сеопфатен договор, бидејќи меѓу Белград и Приштина има долга листа на работи за кои мораме да се договориме: од воена отштета, сукцесијата, трговијата и политиката, правата на српската заедница која живее на Косово, верските и сите останати права… Се надевам дека и ние ќе успееме да преземеме некои добри одредби од Преспанскиот договор. Не би смеел, сепак, да кажам дека тоа е модел, бидејќи релациите меѓу Косово и Србија се поинакви. Односите меѓу нас и Србија се битни, ние сме заинтересирани да се договориме за да постигнеме мир засекогаш за народите на двете земји, како и со соседите, бидејќи мирот и помирувањето го помагаат економскиот развој.”

Изјави, Рамуш Харадинај, во интервју за МИА