Хашим Тачи до Трамп: Косово е подготвено за компромис со Србија

Сподели

Косовскиот претседател Хашим Тачи му порача на претседалот на САД Доналд Трамп дека е подготвен за компромис со Србија, со цел да се нормализираат односите.

Во писмото кое го објавија косовските медиуми, претседалот одговора на писмото на американскиот претседател од декември минатата година, се обврза да ги изврши своите обврски и ќе апелира до граѓаните да зборуваат во еден глас во текот на разговорите, и да се воздржат од работи кои само ќе го отежнат дијалогот меѓу Косово и Србија.

„Постигнување на договор нема да донесе привремен мир или да го замрзне спорот. Ние се трудиме да најдеме долгорочно решение, односно да постигнеме трајно решавање на спорот со кој двете страни ќе се признаат меѓусебно, да се тргнеме од спорови и Косово да биде дел од ОН“, стои во писмото на Тачи.