Вести Македонија Став

Христијан Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ

 

Во интервју за Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека во моментов во Македонија има Влада која нема никаков успех на ниту еден план. Тие според него не можат да се пофалат ниту на економски план, ниту со било каква реформа и во отсуство на вакви работи тогаш се служат со напади кон него.

– Во отсуство на реална визија како оваа држава треба да се развива понатаму најлесно е да отпочне нивниот центар за креирање на лаги и манипулации да креира лаги и манипулации кои што ќе бидат поврзани спрема Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и соработниците кои што орбитрираат околу него. Категотички ги отфрлам, дури и не се ни вредни за било каква некоја посеризна анализа, рече Мицкоски.

Во врска со обвинувањата од страна на СДСМ и секојдневните напади околу сопственоста на наводните фирми Мицкоски вели дека тие се плод на неговиот професионален ангажман и дека ова се прави се со цел тој да се омаловажи и дискредитира како личност.

„Јас мојот став сум го кажал, да во минатото како плод на мојата работа на професионален план одлучив дел од средствата да ги вложам во земјата во една компанија каде поседувам 7 % од акциите во проекти со кои сум се занимавал целиот мој живот а тоа од областа на енергитката. Исто така деновиве сум сведок на еден спор помалу или повеќе манипулативен, морбиден дури кој што има единствена цел да мене ме омаловажи и дискредитира како личност“ потенцираше Мицкоски.

Мицкоски најави дека во Македонија во рамки на правниот систем ќе поднесе тужба пред надлежните институции против СДСМ за клевета но и за нарушување на неговиот кредибилитет и интегритет.

Сподели: